Кадетите денеска против Црна Гора за второ место на БП

66

Кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска 915.30 ч.) во Тирана против селекцијата на Црна Гора ќе се бори за второто место на Балканското првенство за играчи до 18 години.

Избраниците на селекторот Санев, славеа над Албанија во првото коло (3:1), а вчера беа убедливо поразени од Србија (0:3) во меч од втората рунда. Со оглед на тоа што Србија со две победи си го обезбеди првото место, Македонија и Црна Гора кои имаат поеден триумф во првите две кола, сега останува во директна пресметка да се обидеме да дојдеме до втората позиција на табелата.

Црна Гора по првиот пораз од Србија, вчера оствари максимална победа над Албанија.

ПретходноБади Хилд и официјално е нов кошаркар на Голден Стејт
СледноМбапе: Сакам вечерва Роналдо да плаче!