Матеј Ангелов од Работнички прави трансфер во украински ЛНЗ Черкаси

589

Младиот 19-годишен фудбалер на Работнички, Матеј Ангелов прави трансфер во Украина. Според последните информации, веќе е договорен трансферот на младиот централен играч за врска со украинскиот прволигаш ЛНЗ Черкаси.

За откупот на договорот, Украинците во касата на Работнички треба да платат 300.000 евра. ЛНЗ Черкаси минатата сезона одигра солидно во украинската фудбалска елита освојувајќи го 7. место на табелата, веднаш зад екипите кои обезбедија пласман во европските купови.

Ангелов, пак, е младински репрезентативец на Македонија, кој во минатата сезона во дресот на Работнички во домашниот шампионат имаше 22 настапи.

ПретходноОлимписки квалификации: Порторико ја „растури“ Италија и ја прати на меч со Литванија
СледноДенеска на Еуро 2024: „Европска класика“ во Штутгарт, Роналдо vs. Мбапе во Хамбург