Младинската ракометна репрезентација на Македонија убедливо со 29-16 ја совлада Словачка во контролен натпревар пред настапот на Eвропското првенство.
Првото полувреме беше изедначено и заврши со 9-9, а во второто полувреме избраниците на Раде Стојановиќ одиграа многу добро и на крајот славеа со 29-16.
Двете репрезентации утре од 16 часот ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.