Во текот на вчерашниот ден стана јасно дека се ќе биде по старо во домашниот шампионат, откако не помина иницијативата за фудбалерите од соседството како Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора да немаат третман на странци во Македонија. Клубовите како Вардар, Работнички, Брера и Силекс ја покренаа оваа иницијатива како еден вид на реципротитет со оглед на тоа дека во споменатите земји нашите фудбалери играат како домашни играчи.
УО на ФФМ немаше сенс за ваквите барања и иницијатви и нема сенс да ги следи трендовите барем од регионот за мало унапредување на правилата за подобар фудбал и поквалитетни екипи. Оваа одлука од една страна и е очекувана затоа што клубовите за сите странци над бројката од 4 фудбалери даваат добри суми на пари во касата на ФФМ.
Во очекување на останатите официјални одлуки од УО на ФФМ, кој се состана во средината на летото, и по кој веќе е јасно дека и во новата сезона од шампионатот на Македонија ќе нема ВАР систем кај судиите, ќе нема измени на одредени позиции околу комесарите, ќе нема спонзор на лигата…
Можеби работата ќе тргне и комуникацијата ќе биде подобра во структурите на федерацијата затоа што е изгласана набавка на нови телефонски уреди за членовите од УО на ФФМ.