Кошаркарите на Порторико ја совладаа Италија со 80:69 во Д2 групата од квалификациите за Олимписките игри и со тоа го освоија првото место во групата и во полуфиналните дуели е играат со Мексико. Италија која загуби во полуфиналето оди на Литванија.
Најефикасен кај Порторико беше Хозе Алварадо со 29 поени. Џорџ Кондит додаде 15, а Тремонт Вотерс 10 поени. За Италија Данило Галинари постигна 14, а Нико Манион имаше 11 поени.
Полуфиналните натпревари се закажани за в сабота. Од 22 часот се среќаваат Италија и Литванија, а од 13 часот ќе играат Порторико и Мексико.
Победникот на овој квалификациски турнир, на ЛОИ во Париз ќе игра во група со САД, Србија и Јужен Судан.