Мохамед Салах ја одбил поканата да игра за Египет на Олимпискиот фудбалски турнир бидејќи сака да се подготви што е можно подобро со Ливерпул за првата сезона под водство на новиот менаџер Арне Слот, тврди Мирор. Доколку се согласеше да учествува на Олимпијадата и добиеше дозвола за тоа од клубот, напаѓачот ќе го пропушти најголемиот дел од предсезонските тренинзи, вклучувајќи ја и турнејата во САД.
32-годишниот Салах, кој влегува во последната година од договорот со Ливерпул, викендов ќе започне да тренира во базата на клубот.
„Сè уште го чекаме исходот од комуникацијата со Салах и неговиот клуб Ливерпул преку Египетскиот фудбалски сојуз. Дефинитивно го сакаме со нас. Посакувам Салах да игра со нас на Олимпијадата“, изјави селекторот на Египет, Микали.
Сепак, според Мирор, одбивањето на Салах е веќе факт.