Словенија без Маргуч на ЛОИ во Париз

89

Словенечкиот репрезентативец Гашпер Маргуч нема да игра за репрезентацијата на Словенија на претстојните Олимписки игри во Париз. Словенечката репрезентација е во втората недела од завршните подготовки во Крањска Гора, а селекторот Зорман ја доби непријатната вест.

„Разговаравме со селекторот пред објавувањето на списокот на ракометари повикани на подготовките. И двајцата бевме свесни за можноста да не бидам подготвен. Среќен сум и благодарен што сепак ме повика и ми даде можност да пробам дали стапалото ќе издржи. За жал, повредата на стапалото се уште не е целосно санирана. Веќе по првата недела од подготовките се појавија болки кои ме спречија да тренирам. Во овој момент се уште не сум подготвен целосно да ги издржам напорите кои доаѓаат со подготовките за Олимписките игри. Разочаран сум и тешко ми е бидејќи Олимписките игри се сон на секој спортист, но од друга јас веќе бев свесен пред подготовките дека тоа може да се случи“, изјавил Маргуч.

ПретходноНојер против „шпанското проклетство“ и со нов рекорд
СледноУЕФА го казни Џуд Белингем парично и со условна суспензија од еден меч