Ѓоковиќ: Нема да му дозволам на никого да ме понижува

1387
Фото: Wimbledon/Twitter

За време на натпреварот од второто коло на Вимблдон против Џејкоб Фирнли, Новак Ѓоковиќ имаше краток инцидент со еден од навивачите. Новак се обиде вербално да се пресмета со грубиот навивач, кој молчеше и се посрамоти.

“Тој не сакаше да ме погледне кога разговарав со него, гледаше во неговиот телефон. Речиси секој натпревар ми се случуваат непожелни ситуации. Во 95 отсто од случаите го толерирам тоа. Тоа е нешто што е сосема нормално. Луѓето се таму, платиле карта, страсни се, сакаат противникот да победи, вие сте елиминирани… Тоа е прашање на личен избор и нивно право“, изјави најдобриот тенисер на сите времиња.

Новак не остана имун на ваквото однесување бидејќи, како што вели, ја преминува границата на спортскиот дух.

„Меѓутоа, кога некој ќе ја премине границата на спортскиот дух – реагирам. Така сум цел живот и ќе бидам до крајот на кариерата. Нема да дозволам никој да ме провоцира, понижува и омаловажува. Ќе ги гледам сите во окото и мирно спијам кога ќе се соочам со некого, интересно е како огромното мнозинство, речиси сите, само ја спуштаат главата кога вниманието не е насочено кон него“. 

Во третото коло на Вимблдон, Ѓоковиќ игра против Алексеј Попирин.

ПретходноУЕФА го казни Џуд Белингем парично и со условна суспензија од еден меч
СледноНа Артета му се насмевнува потежок договор и улога на „новиот Венгер“