Легендарниот Тони Крос го одигра последниот меч во кариерата. Халфот се повлекува од фудбалот по поразот на Германија од Шпанија со 1:2 по продолженијата во четвртфиналето на ЕП 2024.
По завршување на натпреварот играчот од средниот ред се збогува со фановите на стадионот во Штутгарт. И играчите на Шпанија му аплаудираа на големиот Крос.
Германецот уште пред да почне ЕП најави дека по настапот на шампионатот ќе се пензионира, па елиминацијата на Германија означи и крај на неговата кариера.
Оваа сезона Крос со Реал Мадрид ја освои ЛШ и стана шампион на Шпанија.
Here everything ended for Toni #Kroos with football 🤍👏#ESPGER pic.twitter.com/8F6D4XCWt3
— 🆉🅸🆉🅾🆄 (@zi_46) July 5, 2024