Новиот македонски прволигаш Беса ги засили своите редови со уште еден интернационалец, се работи за играчот од средниот ред Адама Самаке кој досега ги бранеше боите на Македонија ЃП.
Тој е играч од Брегот на Слонова Коска, а минатата сезона одигра 36 натпревари во ПМФЛ.
Беса активно работи на трансферниот пазар, а дојдоа Захов, Силјановски, Незири и Адем Драгановиќ.
Драгановиќ доаѓа од клубот Рехден од Германија, има 20 години и игра како дефанзивен играч за врска.