Имаше ли пенал за Германија во судиското продолжение?

1419

Германија испадна по поразот од Шпанија 1:2 по продолженијата од четвртфиналниот дуел на ЕП. Германците примија гол во 119 минута, а неколку минути претходно имаа ситуација за пенал. Судијата не покажа на белата точка.
По шутот на Јамал Мусиала топката удри во раката на Кукуреља. Германските играчи протестираа кон судијата Антони Тејлор, кој добиваше инструкции од ВАР. Но Англичанецот по краток муабет со колегите од ВАР собата нареди мечот да продолжи.
Тоа ги изнервира Германците затоа што раката на Кукуреља очигледно беше одвоена од телото. Интересно, на претходниот меч со Швајцарија, на Германците им беше досуден пенал по игра со рака.
Единствено логичко објаснување за недосудениот пенал од страна на Тејлор е тоа што Никлас Филкруг се наоѓал во офсајд при летот на топката кон голот.

ПретходноСо аплауз и солзи го испратија во пензија легендарниот Тони Крос (Видео)
СледноДе Ла Фуенте: Овие шпански фудбалери имаат срце, тие секогаш сакаат повеќе