Мбапе наместо за мечот со Португалија, зборуваше за изборите

417

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе на прес конференцијата пред четвртфиналниот меч со Португалија зборуваше за изборите во Франција. Партијата на претседателот Емануел Макрон оствари катастрофални резултати на европските избори поради што е распуштен Парламентот. Закажани се избори, а престојниот викенд се изборите со тоа што „десницата“ е во предност во однос на партијата на Макрон.

А Мбапе е повеќе загрижен за изборниот процес отколку за мечот со Португалија.
Мораме да излеземе на избори, не можеме да ја оставиме земјата во рацете на овие луѓе. Минатонеделниот резултат беше катастрофален и се надеваме дека луѓето овој викенд ќе гласаат за вистинската страна. Ние сме таа генерација која може да направи разлика. Гледаме дека екстремисти чукаат на вратата на моќта и имаме шанса да ја обликуваме иднината на нашата земја“, изјави Мбапе.
Мбапе ги повика Французите да не гласаат за крајната десница, а му се приклучија и некои други репрезентативци. Тој се труди да ги убеди луѓето да гласаат за Макрон со кој лично се познава.

ПретходноСлот тргна со Ливерпул: Со Клоп имавме доста да си кажеме! Се радувам на ривалството со Пеп!
СледноЖФК Љуботен против првакот на Исланд во ЛШ