Бонџорно го откачил Интер и му кажал „Да“ на Наполи

289

Централниот бек Алесандро Бонџорно ќе му се приклучи на Наполи ова лето и тоа благодарение на новиот тренер на клубот од југот, Антонио Конте, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер се интересирал за овој фудбалер, но Наполи постигнал договор со Торино за сума од 35 милиони евра плус уште 5 милиони во форма на бонуси. Наполи и фудбалерот договориле за соработка до 2029 година и откупна клаузула од 70 милиони евра која ќе важи од 2027 година.
„Кориере дело Спорт“ информира дека Конте се вмешал во целата приказна околу ангажманот на фудбалерот. Тој го убедли младиот играч дека ќе биде главна алка во неговата екипа.
Бонџорно беше дел од италијанската репрезентација на ЕП 2024.

ПретходноПикфорд си напишал „домашна“
СледноВИМБЛДОН: Ѓоковиќ го победи и Попирин, следен ривал му е Холгер Руне