Дуелот со Шпанија најгледан фудбалски натпревар во Германија во последните 10 години

95

Вчерашниот четвртфинален натпревар од Европското првенство меѓу Шпанија и Германија беше натпревар со рекорден број гледачи покрај малите екрани во последниве 10 години.

Во просек натпреварот го следеле 26,1 милиони гледачи на ТВ. Во оваа бројка не спаѓаат луѓето кои го проследиле натпреварот на јавни места и во барови, што ја прави бројката мошне импресивна.

Шпанија славеше со резултат 2:1 и се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против репрезентацијата на Франција. Очигледно е дека германските очекувања за ова првенство беа доста високи, но “панцирите” не успеаја да ги оправдаат очекувањата и се соочија со рана елиминација уште во четвртфиналната фаза.

ПретходноЈуниорите и вторпат подобри од Словачка
СледноБосанка местела тениски натпревари, доби суспензија од 6 години