Саутгејт е третиот со 100 меча како селектор на Англија

178

Англија игра со Швајцарија во четвртфиналето на ЕП (резултатот на полувреме е 0:0), а овој меч за селекторот Герет Саугејт е 100. на кормилото на „Гордиот Албион“.

Според ОПТА, тој е третиот селектор на Англија со 100 меча како селектор на Англија.
Лидер е Валтер Винтерботом со 139 натпревари на чело на англискиот национален тим во периодот од 1946 до 1962 година. Втор е Алф Ремзи со 113 натпревари во периодот од 1963 до 1974 година.

Саутгејт е на кормилото од 2016 година и до сега, без мечот со Швајцарија, има 62 победи, 17 порази и 20 ремија со гол разлика 221:79.

ПретходноПрвпат во историјата на Силверстоун тројца Британци на првите три позиции
СледноЗелински е нов напаѓач на Интер