Англичаните во полуфинале на ЕП – на пенали ја елиминираа Швајцарија

98

Репрезентацијата на Англија е полуфиналист на Европското првенство откако денеска во Дизелдорф славеа над Швајцарија по подобро изведување на пеналите (5-3). Во регуларниот дел беше 1:1, а истиот резултат беше и по продолженијата.

По првото полувреме немаше голови. Се издвојуваат две шанси по една шанса за Швајцарија и Англија. На почетокот обид на Ендој кој нафрли на петерец, а Мејно ја расчисти опасноста. Обид на Белингем во 36 минута но без опасност.
Во 75 минута Швајцарија поведе. Фабијан Шер ја уфрли топката на петерецот, а Емболо се најде на вистинското место и ја спроведе топката во голот (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).

Но Англија изедначи во 80 минута. Сака со шут од далечина успеа да погоди. (ГОЛОТ НА САКА ОВДЕ).

Во првото продолжение Англија беше подобра со шанси за Рајс и Белингем. Во второто продолжение не се смени ништо па се прејде на пенали.
Англичаните ги погодија сите пет пенали, а кај Швајцарија промаши Аканџи во првата серија (Пикфорд го одбрани неговиот шут).

ПретходноЗверев го прозва Шпанецот: Пеп, пријателе, на Баерн му треба тренер… (видео)
СледноНорвежанец загина за време на трката низ Австрија