„Билд“: Помошникот на Нагелсман влегол во судиската соба и викал на Тејлор

346

Според информациите на германскиот весник Билд, помошникот селектор на германската репрезентација Сандро Вагнер по натпреварот со Шпанија синоќа упаднал во судиската соба и гласно го навредувал главниот судија на средбата, Англичанецот Ентони Тејлор.

Да потсетиме, во 106. минута од натпреварот меѓу Шпанија и Германија, офанзивниот играч за врска на Бундестимот, Џамал ​​Мусиала, со топка го погоди во раката дефанзивецот на Поанија, Марк Чукуреља. Ентони Тејлор не досуди пенал по овој контроверзен момент, што предизвика бура негодување на германската клупа.

ПретходноПознат новинар тврди: Роналдо е причината поради која Португалија е елиминирана
СледноКуман за Турција: Знаеме што да очекуваме!