Една бајка заврши, другата се уште трае: Аргентина го доби противникот во полуфиналето (ВИДЕО)

321

Канада успеа да ја елиминира Венецуела после изведувње на пенали. Во полуфиналето Канаѓаните ќе се сретнат со Аргентина, која ден претходно на идентичен начин го елиминираа Еквадор.

Шафелбург во 13. минута донесе водство на својата репрезентација, откако Ларин пропушти шанса да ја зголеми предноста на Канада на стартот на вториот дел, Рондон во 65. минута израмни на 1-1. Тој од 40 метри лобуваше и постигна спектакуларен гол. Серијата пенали донесе промашување во втората и четвртата серија, а во шестата по одбраната на Крепо и ударот на Вилкер Анхел, Исмаел Коне ја запечати победата.

ПретходноКрос го одигра последниот танц и порача: Нема да кажам колку беше брутално
СледноСтигна објаснување зошто не беше досуден пенал за Германија