Александар Зверев го совлада британскиот тенисер Камерон Нори и се пласира во 4.колоо на Вимблдон. На трибините беше и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Зверев по триумфот зборуваше за мечот и му се обрати на Пеп.
„Ми се тресеа нозете кога го видов Пеп на трибините, вистинска легендар на фудбалот. Чест ми е што е овде и што ме гледаше. И за крај, Пеп, пријателе, на Баерн му треба тренер…“, кажа Зверев на што следуваше смеа на трибините.
Следуваше понуда од Зверев.
„Ако ти здосади работата како фудбалски тренер, можеш мене да ме тренираш“.
Alexander Zverev to Pep Guardiola who came to watch him at Wimbledon: “Bayern Munich needs a coach, man” pic.twitter.com/jjVjNqvh0w
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 6, 2024