Интер го претстави новото засилување во нападот. Од идната сезона дресот на италијанскиот шампион ќе го носи Пјотр Зелински кој доаѓа како слободен фудбалер откако му истече договорот со Наполи.
Полскиот репрезентативец потпиша договор до јуни 2028 година.
Тој речиси целата кариера ја помина во Италија, прво во младинскиот тим на Удинезе, потоа на позајмица во Емполи. Од 2016 до 2024 година играше за Наполи и го освои Скудетото и Купот на Италија.
Инаку Интер работи на уште две засилувања, наскоро треба да пристигне Мехди Тареми од Порто (слободен играч) и голманот Пеп Мартинез од Џенова (13 милиони евра плус бонуси).