Македонскиот кајакар Кристијан Лазаров го освои 15. место на Европското јуниорско првенство во кајак-спуст, во дисциплината К1, кое се одржува во Даленвил, Швајцарија.
Откако вчера успеа да обезбеди пласман во финалната трка, денеска во конкуренција на најдобрите јуниори во Европа, Лазаров оствари време 55.978 секунди што беше 3.3 секунди заостанување зад лидерот Мика Хајнек од Чешка, односно 2.7 секунди за освојување место на подиумот.
На ова Европско јуниорско првенство покрај Лазаров учествуваше и Благој Гугинов кој го освои 30 место, во конкуренција од 53 натпреварувачи од 20 држави. Македонската репрезентација беше предводена од Љубомир Спасиќ под чие водство Македонија во една година има две финалиња на Европските првенства за сениори и јуниори како и едно финале на светскиот куп оваа година.