Екс-голманот на германската репрезентација, Јенс Леман, го критикуваше германскиот репрезентативец Роберт Андрих за неговиот имиџ и фризура на вчерашниот меч со Шпанија
За време на првенството, Андрих прво ја бојадиса косата бела, а потоа розова, што очигледно му засмета на Леман, кој го нарече ова негово однесување – чудно.
„Дали Андрих има некои лични проблеми поради кои мора така да се истакне? Мене како соиграч би ми изгледало многу чудно. А не мислам дека ниту селекторот на репрезентацијата мисли дека е многу кул. Но, да не зборувам многу, сега треба да се биде многу внимателен во зборувањето. Можеби се чувствува како жена. Секој треба да биде многу толерантен. Во контекст на фудбалска репрезентација која е елитна, мислам дека во одреден момент тоа е премногу“, изјави Леман.