Мартин и оваа година победник на спринтот на „Заксенринг“

72

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, триумфираше на спринтот во рамките на Германското ГП во Мото ГП шампионатот.

Шпанецот втора година по ред триумфира на спринтот на „Заксенринг“, каде минатата сезона славеше и на главната трка, а воедно го оствари и четвртиот триумф во тој формат сезонава.

Втор финишираше Мигел Оливеира, кој на тој начин стигна до првиот подиум со Априлија, додека актуелниот шампион Франческо Бањаја на Дукати финишираше како трет.

Неделната трка на „Заксенринг“ стартува утре во 11 часот.

ПретходноКадетите го освоија третото место на БП во Албанија
СледноЕгипетски репрезентативец почина на 31 година