Нагелсман: Роботите ни носат кафе, а ние не знаеме што е пенал!

735

Германија во четвртфиналето го заврши својот настап на Европското првенство, чиј домаќин е токму оваа земја. Шпанија славеше со 2-1 по продолжение, а во центарот на вниманието остана недосудениот пенал во корист на Германците по играта со така на Кукуреља. Иако веќе има објаснување за одлуката на судијата, сепак на големо се дискутира за овој момент.

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман имаше свое видување на оваа ситуација.

„Кога ни се случи тоа, си реков сигурно е пенал, додека Шпанците не се надеваа дека не е. После на ТВ ја видов ситуацијата поубаво, но во тие моменти не можев да размислувам. Имаа повеќе среќа од нас. Постои правило и се надевам дека оваа одлука не е погрешна. Го применија тоа правила и не беше пенал, но јас се чувствувам измамено. Според мене треба да се направи пратично и логично правило за играње со рака. Го кажувам ова за фудбалот во глобала. Раката е во природна состојба, но може да биде нешто пониска и нешто повисока. Постојат луѓе со различна големина на мускули, различни движења. Не разбирам зошто не се зема во предвид само она што се случува со топката. Според мене треба да се земе во предвид дали таа оди кон небото или кон голот. Ако оди на трибините не е пенал. Правилото треба да биде едноставно, не можеме да зборуваме за намерите. Имаме 50 роботи кои ни носат кафе, ни треба вештачка интелегенција за да се процени каде оди топката“, рече селекторот на Германија.  

ПретходноУште една легенда после Крос се збогува со германската репрезентација
СледноРамин Алии прави трансфер во Белорусија