Познат новинар тврди: Роналдо е причината поради која Португалија е елиминирана

970

Франција по подобро изведување на пенали на дуелот со Португалија се пласираше во полуфиналето на ЕП. Испаѓањето на Португалија значи и крај на Кристијано Роналдо на овој шампионат.

Португалската икона го заврши турнирот во Германија без постигнат гол од поле и покрај дури 23 шута. На своето шесто Европско првенство за првпат одигра турнир на кој не постигна гол од поле, а со своите настапи ги натера дури и португалските медиуми да се запрашаат дали Роналдо во стартниот состав е предност или тежина за националниот тим.

Даниел Риоло, новинар кој на Твитер има повеќе од 600.000 следбеници, смета дека тоа воопшто не е сомнително.

„Ми се допаѓа Португалија, секогаш сум го велел тоа. Имаат одлични играчи. Изненаден сум што по 2016 година, кога го освоија ЕП, Португалија не постигна подобри резултати“, напиша Риоло по испаѓањето на Португалија и додаде:

“Разбирам дека Кристијано Роналдо е легенда, но тој не придонесува со години. Така беше и сега. Португалија играше со десет. Пишав порано, не ми се допаѓа да го гледам вака. Тој е легенда, ти мора да му се восхитувам, но тој ја спречи Португалија да има шанса да оди понатаму на ова евро“.

Роналдо (39 години) веројатно го одигра последното евро во Германија. Неговата желба е да се натпреварува на Светско првенство за две години. За португалската репрезентација одигра 212 натпревари, постигна 130 и асистираше на 47 голови.

ПретходноИгор Арсиќ нов голман на ГРК Тиквеш
Следно„Билд“: Помошникот на Нагелсман влегол во судиската соба и викал на Тејлор