Трката за Големата награда на Британија во Формула 1 ќе се вози во недела од 16 часот на патеката Силверстоун, а првпат во историјата во квалификациите најбрзи беа тројца домашни возачи.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ќе стартува од пол позицијата затоа што беше најбрз во квалификациите остварувајќи време од 1:25.918 минути. Тој стигна до својата трета пол позиција во кариерата.
Расел за 0,171 секунда беше побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон, а за 0,526 секунди од Ландо Норис од Мекларен.
Четвртото место го имаше актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.