Србија ја совлада Холандија, чудни бројки зад името на Јокиќ

3880

Во меѓувреме репрезентациите кои обезбедија место на ОИ во Париз на големо се подготвуваат за тамошниот предизвик. Србија одигра пријателски меч против Холанија, славеше со 90-74, а во центарот на вниманието се најде Никола Јокиќ.

Јокиќ на теренот мина 20 минути, постигна само два поени, додаде девет скока и десет асистенции. Некако неверојатна статистика за еден од најдобрите кошаркари на денешницата, но секако сето тоа е само почеток на репрезентативните подготовки по долгата и тешка клупска сезона.

Урош Плавшиќ беше најефикасен со 19 поени, шест скока и две асистенции, што е најпријатното изненадување во српската селекција и сигурно повеќе ќе го замисли тренерот Пешиќ.

Извонредна партија имаше и Никола Милутинов со 17 поени.

Србија во Париз е во група со САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико.

ПретходноНајдовски: Голема чест е што повторно ќе го носам светиот дрес! Верувам во овој проект!
СледноФранција знае најдобро како можете да стигнете до полуфинале на ЕП без гол од игра