Кадетите го освоија третото место на БП во Албанија

98

Македонската кадетска одбојкарска репрезентација го освои третото место на Балкаското првенство во Тирана. Во клучниот меч за втората позиција, избраниците на селекторот Ванче Санев со максимални 3:0 (26:24, 25:17, 25:18) беа поразени од Црна Гора.

Македонија оствари една победа и претрпе два пораза на Балканијадата во Тирана. Избраниците на Санев (одбојкари родени 2007-ма и помлади) на почетокот на турнирот ја совладаа домашната репрезентација на Албанија со 3:1, а потоа загубија во три сета од Србија и од Црна Гора.

Првото место го освои Србија, Црна Гора заврши втора, а Албанија четврта.

ПретходноМбапе за замената против Португалија: Уморен сум!
СледноМартин и оваа година победник на спринтот на „Заксенринг“