Главната ѕвезда на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе зборуваше за победата над Португалија во пенал рулетот, коментирајќи зошто беше заменет на полувремето.
„Досега постигнав само еден гол, но стигнавме до полуфиналето и многу сум среќен поради тоа. Секако дека се надевам дека ќе му помогнам на тимот против Шпанија, но пред се сум многу среќен за тимот“, рече Мбапе.
„Причината за мојата замена? Многу сум уморен“, беше искрен Мбапе.
„Шпанците се навикнати да играат полуфинале на ЕП и исто така играат без притисок. Мора да одиграме добар натпревар. Сакаме да победиме“, изјави 25-годишниот напаѓач.