Ново правило на Олимписките Игри во Париз

629

На Олимписките игри едно правило од Светските и Европските првенства секогаш е различно, а тоа е бројот на играчи во ростерот на тимовите.

Ако на ЕП и СП се дозволени 16 ракометари плус измени, на ОИ е поинаку. Бројот на дозволени играчи е 14 и плус три измени.

Сето ова е проблем за земјите кои имаат голем број на ѕвезди во тимот, па токму затоа видовме дека дел од земјите учеснички мораа да избришат голем број на познати играчи.

На ОИ замена ќе биде можна само со медицинска документација, односно само повреден играч ќе може да биде избришан од ростерот од 14 и на неговото место да биде повикана резерва.

ПретходноБаерн ги распродаде сите места на „Алијанц Арената“ за новата сезона
СледноЈуниорите и вторпат подобри од Словачка