Два пријателски натпревари се одиграа денеска на македонските терени. Во Струмица одиграа Брера и Беса, а победи новиот прволигаш со 1:0 со гол на Арменд Алими. Ова е прв пријателски меч и за двете екипи од летните подготовки.
А Силекс го совлада Кожуф со 3:1 со голови на новаците во екипата Ангелче Тимовски, Ален Јашаровски и Дарко Додев.