Француските фудбалери синоќа по подобро изведување на пенали ја совладаа Португалија и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
По 0:0 и покрај две продолженија, Французите победија со 5:3 по пенали.
Но, „триколорите“ не само синоќа, туку и на цело Европско првенство не постигнаа гол од игра.
Во групната фаза ги победија Австријците со 1:0 со автогол на Вебер. Потоа со Холанѓаните одиграа нерешено 0:0. Во последниот натпревар од групата бодовите ги поделија со Полјаците. Беше 1:1 со голот на Килијан Мбапе од пенал.
Во осминафиналето со автогол на Фертонген ги победија Белгијците со 1:0.
Во полуфиналето игра против Шпанија, која по продолженијата беше подобра од домаќинот Германија.