ВИМБЛДОН: Ѓоковиќ го победи и Попирин, следен ривал му е Холгер Руне

2089

Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Вимблдон по победата над Алексеј Попирин со 3-1 во сетови. Српскиот тенисер го загуби првиот сет со 4-6, но ги доби следните три со 6-3, 6-4 и последниот во тај-брејкот со 7-6.
Следен ривал на Ѓоковиќ ќе биде Холгер Руне кој одигра тежок меч и по пет сетови и повеќе од три часа го победи Квентин Алис. Французинот, кој инаку е 220. на АТП листата, го доби првиот сет со 6-1, а во вториот беше подобар во тај-брејкот 7-6(4).
Руне се врати во третиот со 6:4 и во четвртиот отиде во тај-брејк 7:4. Во петиот норвешкиот тенисер играше лесно и го доби со 6-1 и со тоа и мечот.

 

ПретходноБонџорно го откачил Интер и му кажал „Да“ на Наполи
СледноХоландија против Англија во полуфиналето на ЕП – Турција падна после пресврт (видео)