Карлос Алкараз е првиот четвртфиналист на Вимблдон откако во четири сета го победи 16-от носител Иго Амбер со 3:1, сетови 6:3, 6:4, 1:6 и 7:5.
Шпанскиот тенисер имаше рутинска задача во првите два сета, сервираше одлично. Во третиот сет Амбер се закани сериозно и победи убедливо со 1-6. Сепак ова не беше доволно за да Алкараз дојде до победа во четвртиот сет кој беше вистинска драма бидејќи Шпанецот имаше брејк предност, но брзо ја загуби. Но, беше на висина на задачата во клучните моменти.
Алкараз во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Американецот Томи Пол и неговиот сонародник Роберт Баутиста.










