ОФИЦИЈАЛНО: Олисе е нов фудбалер на Баерн (М)

193

Очекуваното ново засилување на Баерн (М), Мајкл Олисe веќе е фудбалер на  баварците. Баерн вечерва го објави трансферот на Олисе, кој ги мина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишен договор, кој ќе го задржи во Минхен до 2029 година.

Олисе во Минхен доаѓа од Кристал Палас, каде во сезоната 2023/24 постигна 10 голови и 6 асистенции на 19 натпревари во Премиер лигата. Баерн Минхен го купи Олисе за сума од 45 милиони евра, со вклучени бонуси во договорот, со кои цената на францускиот офанзивец може да се искачи на 50 милиони евра.

ПретходноБразил „грабна“ виза за ЛОИ во Париз
СледноЦиркзе е пред договор со Манчестер Ј., доаѓа и Де Лихт