Дефанзивецот Роналд Араухо исто како и Педри ќе го пропушти претсезонскиот тренинг на Барселона. Тој дури и најверојатно ќе биде надвор од терените за првите неколку натпревари на Каталонците во новата сезона, која започнува кон средината на август.
Араухо се повреди на последниот натпревар на Уругвај со Бразил од четвртфиналето на Копа Америка, а според Ас, тој ќе закрепнува најмалку 6-8 недели. Дефанзивецот има сериозно истегнување, кое го доби веќе во првиот половина час од средбата.
Педри во петокот го повреди коленото за време на Шпанија – Германија на ЕП 2024 и ќе се лекува 4-6 недели.