На митингот од Дијамантската лига во Париз, кениската атлетичарка Фејт Кипјегон го подобри сопствениот светски рекорд на 1500 метри.
Двократната олимписка победничка и трикратна светска шампионка на оваа делница, постигна време од 3:49,04 минути и со тоа го подобри сопствениот рекорд што го постави во јуни минатата година во Фиренца, за седум стотинки.