Репрезентацијата на Уругвај приреди големо изненадување бидејќи во четвртфиналето на Копа Америка го елиминира Бразил. По нешто повеќе од 90 минути игра во Лас Вегасе намеше голови, а Уругвајците стигнаа до победа по подобро изведување на пеналите (4:2).
Бразил во завршницата имаше одлична можност да го трасира патот до финалето бидејќи од 74 минута Уругвај играше со фудбалер помалку кога Нахитан Нандез доби црвен картон. Селекторот Доривал Жуниор од 81 до 87 минута уфрли пет нови фудбалери меѓутоа тие немаа доволно време да направат разлика.
Уругвајците предводени од Марсело Биелса херојски го издржаа финишот и стигнаа до пеналите.
Едер Милитао промаши пенал во првата серија, а Даглас Луис во третата. Прецизни беа Андреас Переира и Габриел Мартинели. За Уругвај промаши само Хосе Хименез, а погодија Федерико Валверде, Родриго Бентакур, Хорхијан де Араскаета и Мануел Угарте.
SAN SERGIO ROCHET. pic.twitter.com/XuY8lVexU1
— CONMEBOL Copa América™️ (@CopaAmerica) July 7, 2024
A flor de piel 🥹 pic.twitter.com/MyUd48eSuw
— CONMEBOL Copa América™️ (@CopaAmerica) July 7, 2024
Уругвај во полуфиналето ќе игра против Колумбија која ја прегази Панама со 5:0. Во другото полуфинале ќе играат Аргентина и Канада.
Así quedó el cuadro del torneo de selecciones más antiguo del mundo 😍 pic.twitter.com/EGrA385C9m
— CONMEBOL Copa América™️ (@CopaAmerica) July 7, 2024