Роналдо го прекина молкот по елиминацијата на Португалија: Заслуживме повеќе

494

Легендата Кристијано Роналдо го прекина молкот по елиминацијата на Португалија на ЕП 2024 на пенали од Франција. Напаѓачот испрати порака до своите соиграчи, сонародници и сите останати, со што јасно стави до знаење дека тој и останатите сакале повеќе и заслужија повеќе од она што го добија. Роналдо, за кој долго време се шпекулираше дали на крајот ќе ја заврши кариерата во националниот тим, јасно стави до знаење дека има намера да остане дел од тимот на Роберто Мартинез.

„Заслуживме повеќе, за нас, за секој од вас. За Португалија. Благодарни сме за се што ни дадовте и за се што постигнавме досега, во и надвор од теренот, сигурен сум дека наследството ќе биде почитувано и ќе продолжиме да градиме заедно“, напиша Кристијано Роналдо на Инстаграм.

ПретходноАтанасовски потпиша за косовскиот првак: Полн сум со ентузијазам
СледноМарио Младеновски продолжува во хрватскиот шампионат