И Шпанците се „чекираа“ за Париз

101

Шпанската кошаркарска репрезентација е третата репрезентација која се пласираше на Олимписките игри во Париз. Во финалето на турнирот кој се играше во Валенсија, „црвената фурија“ ја совлада селекцијата на Бахамите со 86:78.

Шпанците успеаја да го одбранат домашниот терен и од Валенсија го трасираат патот до Париз, каде ќе се натпреваруваат во групата „А“ заедно со Австралија, Грција и Канада.

Лоренцо Браун ги предводеше Шпанците до оваа победа и пласман на Олимписките игри со 18 поени и четири скока, Вили Ернангомез одигра уште една добра партија, по одличната партија против Финците, сега постигна 15 поени со седум скока за Бахамите, додека Санти Алдама натпреварот го заврши со 12 поени и седум скока.

ПретходноСтефан и Аријан позираат во новите дресови на Динамо (З) (ФОТО)
СледноВирџил ван Дијк е на врвот на негативна Топ листа на ЕУРО