Османи за Слован: Ги анализиравме, имаме и ние што да понудиме на овој двомеч

210

Шампионот Струга ТЛ следнава недела го очекуваат првите возбудувања во квалификациите во Лигата на шампионите. Тренерот на тимот, Ќатип Османи направи резиме на се што се случуваше во подготвителната фаза, каде Струга одигра неколку контролни натпревари.

„Во подготвителната фаза, споредено со тренинзите што ги имавме, одигравме и некои пријателски натпревари чија цел беше физичка подготовка на екипата. Генерално, задоволен сум од залагањето на фудбалерите и на тренинзите и на натпреварите што ги одигравме, па мислам дека сме подготвени да го чекаме првиот меч со словачка Братислава.“

За новите засилувања кои дојдоа во тимот, Османи потенцира:

„Задоволен сум од залагањето и на младите фудбалери и на оние што веќе ги имавме во тимот. Во однос на новите засилувања, можам да кажам дека сум презадоволен од нивната посветеност и сакам да му се заблагодарам на управниот одбор за оваа одлична работа и можноста да работам со професионални фудбалери. На некои од нив им треба сè уште време, но генерално, се потрудија максимално да се аклиматизираат“.

Првиот ривал на Струга ТЛ во ЛШ е екипата на Слован од Братислава.

„Секако дека го анализиравме противникот, имаме информации и од нивните пријателски натпревари од ова издание, дел од натпреварите од минатата сезона во првенството, но и од минатата сезона во Европа. Не треба да се троши премногу зборови за противникот со кој се соочуваме, тие се многу добра екипа, екипа која секогаш игра во Европа, многупати е шампион на Словачка, но и ние имаме свои квалитети, и преку она што го поседуваме и знаеме да го направиме тоа подобро, ќе се обидеме да извлечеме позитивен резултат во Братислава, што би ни дало повеќе надеж за реваншот овде во Охрид“.

Првиот натпревар на гости се игра на 10 јули со почеток од 19 часот.

ПретходноСинер доминантно до четвртфиналето на Вимблдон
СледноДен за рекорди: Во Париз падна и светскиот рекорд на 1500 метри