Падна рекордот на Стефка Костадинова: Украинката Махучих собори светски рекорд стар 37 години!

365

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих постави нов светски рекорд во скок во височина на митингот од Дијамантската лига во Париз.

Актуелната светска шампионка во оваа дисциплина прекокна 2,10 метри, со што го подобри за еден сантиметар 37-годишниот рекорд на Бугарката Стефка Костадинова, поставен во август 1987 година на Светското првенство во Рим.

До денеска Махучих имаше личен рекорд од 2,05 метри, а во Париз најпрво ја прескокна летвичката на 2,07 метри, а потоа и на 2,10 метри.

Во последните три и пол децении најблиску до Костадинова беше хрватската шампионка Бланка Влашиќ, чиј најдобар резултат во кариерата остана 2,08 метри, со што сега е трета на вечната листа.

Рекордот на Костадинова беше четврти најстар рекорд во конкуренција на атлетичарки.

ПретходноСтаврев на центарот на мечот Хамрун Спартанс – Линколн Ред Импс во ЛШ
СледноСинер доминантно до четвртфиналето на Вимблдон