Седумкратниот шампион во Формула 1, пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја оствари својата прва победа по две и пол години, славејќи на Големата награда на Британија на патеката „Силверстоун“.
Хамилтон, чиј претходен триумф беше постигнат во Саудиска Арабија на почетокот на декември 2021 година, по деветтипат славеше на „Силверстоун“ и со тоа го прекина постот од 945 дена за 104-та победа во кариерата.
На овој начин, Британецот стана првиот возач во историјата кој деветпати застанал на највисокото скалило на подиумот на една иста патека.
Зад Британецот како втор заврши Макс Верстапен на Ред Бул, додека на третото скалило на подиумот се искачи возачот на Мекларен, Ландо Норис. На „Силверстоун“ беше видена неверојатна трка, каде Хамилтон ја потврди титулата апсолутен владетел на оваа патека.
Пијастри заврши четврти, пред Карлос Саинц Јуниор од Ферари, Ник Хилкенберг возачот на Хаас и Ленс Строл од Астон Мартин. Во генералниот пласман сега води Верстапен со 255 бодови, Норис е втор со 171, а возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој денеска беше само 14-ти е трет со 150.










