Американската тенисерка Ема Наваро се пласира во четвртфиналето на Вимблдон по победата над сонародничката Коко Гоф со резултат 6:4 и 6:3. Мечот траеше 76 минути, а Наваро е 17. тенисерка на ВТА листата, додека Гоф е на второто место.
Со оваа победа Наваро го направи најголемиот успех во кариерата на Гренд слем турнирите.
Таа во четвртфиналето ќе игра против Италијанката Јасмин Паолини. Италијанската тенисерка се пласира во следната фаза затоа што нејзината противничка Медисон Киз го предаде мечот поради повреда.
По Швјонтек и Сабаленка, Гоф ја продолжи низата на испаѓање на фаворитите.
Тенисерката од Нов Зеланд, Лулу Сун првпат во кариерата се пласира во четвртфиналето на Вимблдон. Таа ја победи Британката Ема Радукани по три сета 6-2, 5-7 и 6-2.
Сан која е 123. тенисерка на светот, ја оствари седмата победа по ред на Вимблдон бидејќи таа тргна од квалификациите.
Нејзината противничка во четвртфиналето ќе биде Дона Векиќ од Хрватска која ја победи Паола Бадоса со 6-2, 1-6 и 6-4.