Струга ТЛ во среда од 19 часот во Братислава ќе ја започне својата европска одисеја ова лето. Стружани за ривал ќе го имаат силниот Слован а првиот меч од првото квалификациско коло во ЛШ се игра во Словачка. Инаку експедицијата на шамионот, играчите, стручниот штаб и дел од раководството на клубот утре наутро во 8 часот има лет од Охрид до Виена од каде после до Бративслава ги чека час и половина со автобус од Брартислава. По кусиот одмор доцна попладнето ќе се одработи задолжителниот тренинг на стадионот на Слован каде ќе се одигра и мечот во среда. Враќањето за Македонија е закажано во четврток.
Инаку реваншот се игра следната среда (17.07.2024) на “Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17 часот.