Голманот на младинската репрезентација на Македонија, Марко Алчевски ќе ја продолжи кариерата во израелската Премиер лига. „СпортСпорт“ дознава дека Алчевски се договорил со Хапоел од Ерусалим за двегодишна соработка, па младиот голман ќе ја напушти Брера и од идната сезона ќе ги брани боите на овој клуб кој минатата сезона ја заврши на седмата позиција во шампионатот.
Алчевски освен за Брера, кратко играше и за Борец од Велес.