Дерозан го напушти Чикаго и отиде во Сакраменто

235

Искусниот кошаркар Демар Дерозан потпиша тригодишен договор со Сакраменто Кингс. Дерозан ќе го напушти Чикаго и ќе оди во Кингс, а во замена за него Булси ги добиваат Херисон Барнс, Крис Дуарте и два пика од втората рунда на драфтот и пари како финална компензација.
Дерозан ставил потпис на тригодишен договор вреден 70 милиони долари. Инаку, тој пред Чикаго играше за Торонто и Сан Антонио Спарс.

ПретходноДе ла Фуенте пред дилема, дали е паметно ветеранот Навас да го чува Мбапе?
СледноБилети за Тиквеш-Бреидаблик од 200 и од 500 денари!