Репрезентацијата на Шпанија се пласираше во полуфиналето на ЕП, а таму ќе игра против Франција. Тројца фудбалери нема да бидат во можност да помогнат, а тоа се Дани Карвахал и Робин Ле Норманд поради картони. Повреден е уште Педри.
Па селекторот Де ла Фуенте за десната бековска позиција ќе мора или да експериментира или на терен да го испрати 38-годишниот Хесус Навас. Ако тој стартува ќе има тешка задача да ги запира брзите продори на Килијан Мбапе. Во друг случај ќе мора некој принудно да оди на таа позиција или да ја менува формацијата.
Друго прашање е кој на позиција „десетка“. Педри е повреден, па веројатно Дани Олмо од крило ќе мора да биде повеќе кон средината.
Мечот Шпанија-Франција ќе се игра во вторник од 21 часот.