За неполни три дена речиси 400.000 потписници бараат од УЕФА да го отстрани англискиот судија од судискиот список, а по негова грешка да се повтори натпреварот од четврт-финалето на ЕП.
За само неколку часа во понеделникот, повеќе од 80.000 луѓе ја потпишаа петицијата, а следната цел е 500.000.
Тие се лути на Тејлор и неговите избраници бидејќи на „панцерите“ не им беше досуден пенал во судиското продолжение, по очигледното играње со рака на Марко Кукуреља во сопствениот шеснаесетник.
Ова се случи само неколку минути пред Микел Мерино да го постигне победничкиот гол за „црвената фурија“ (2:1).
Германците се убедени дека ова требало да биде пенал. Јасно е дека оваа петиција нема да резултира со никаква акција на УЕФА, бидејќи Шпанија во вторник од 21 часот ќе се соочи со Франција.