Млад португалски фудбалер „исчезнал“ по ЕП, во случајот е вмешан и хрватски клуб

2387

Крилниот напаѓач Кардосо Варела настапи за Португалија на Европското првенство за фудбалери до 17 години. Неговата екипа во финалето на 5 јуни изгуби од Италија (0:3), а по турнирот на Варела му се губи трага.

Неговиот клуб Порто, како што пишуваат португалските медиуми, не знае каде нивниот фудбалер се наоѓа. Претседателот Андре Вијас-Боаш разговарал со неговите родители, а причината за неговото заминување е тоа што португалскиот клуб одбил да даде три милиони евра за младиот офанзивец да остане во младинската школа.

„А Бола“ и „О Жого“ наведуваат дека Варела ја напуштил Португалија со двајца агенти, а поради тоа не успеал да ги помине школските испити и паднал година на улилиште. Договориле привремен договор со Динамо од Одрански Обреж, клубот кој се натпреварува во третата лига на Хрватска.

Варела со овој аматерски клуб би бил под договор до 29 октомври, кога ќе наполни 16 години и потоа би стекнал право да потпише професионален договор, објави „О Жого“. Потоа тој би заминал во Германија.

Порто и Португалскиот фудбалски сојуз ги известиле Хрватскиот сојуз и ФИФА за овој случај.

ПретходноАлчевски ќе игра во израелската Премиер лига
СледноБиелса: Фудбалот станува сè подосаден, ќе има се помалку големи играчи